Ракометарите на Вардар денеска на гостински терен против Бутел ќе ја затворат сезоната во која најверојатно ќе останат без трофеј бидејќи покрај тоа што на „црвено-црните“ им треба победа против Бутел, треба да чекаат и пораз на Пелистер на домашен терен од Алкалоид.
Битолчани на полувреме имаат позитива од пет гола (18-13) па очекувано е титулата да остане во „Боро Чурлевски“. Денешниот меч против Бутел е последен за четворица ракометари на „црвено-црните“ кои кариерата ќе ја продолжат на друго место.
Вардар им се заблагодари на Мартин Томовски, Марко Мишевски, Дарко Ѓукиќ и Мартин Карапалевски.
„Заминуваат од клубот, но секогаш ќе останат во нашите срца, и вратата секогаш ќе им биде отворена. Заедно минувавме и нив тешки времиња, и убави спомени ни остануваат. Во посакуваме многу успех во животот и кариерата. Еднаш вардарец – секогаш вардарец“, стои во соопштението на РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА