Реал Мадрид вечерва на „Вембли“ ќе се сретне со Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ неколку часа порано од предвиденото го откри стартниот состав за дуелот против Борусија Дортмунд кој е со почеток во 21 часот..
На голот е Тибо Куртоа, во одбраната се Начо и Рудигер како централни дефанзивци, Карвахал на десната странична позиција, а Ферлан Менди е лев бек.
Тони Крос ќе диригира со средниот ред, поддржан од Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и од Џуд Белингам. Во нападот се Винисиус Жуниор и Родриго.
📋✅ ¡Nuestro 𝗫𝗜 inicial para la final!
🆚 @BVB#UCLfinal | #APorLa15 pic.twitter.com/2B4HyEtdNa— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА