И Терзиќ ги откри картите за финалето на „Вембли“

Реал Мадрид вечерва на „Вембли“ ќе се сретне со Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите.

Откако „кралскиот клуб“ неколку часа порано од предвиденото го откри стартниот состав за дуелот, своите карти ги откри и тренерот на Борусија Дортмунд Един Терзиќ. На голот на „милионерите“ очекувано се најде Кобел. Одбраната ја сочинуваат Раерсон, Хумелс, Шлотербек и Матсен. Во средниот ред ќе бидат Емре Чан, Сабицер и Брандт, додека нападот ќе биде предводен Aдејеми, Санчо и Никлас Филкруг.

 

Се вчитува...