Пораз од Шпанија за крај на настапот во Европската златна лига

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз од Шпанија во Осијек од 3-1 (17-25, 25-22, 25-22 и 25-22) го заврши настапот во годинашното издание на Европската златна лига.

Нашите одбојкари одлично го отворија натпреварот против големиот фаворит освојувајќи го првиот сет со 17-25. Во следните два „црвената-фурија“ возврати на идентичен начин (25-22) по што направи целосен пресврт и поведе со 2-1. Во четвртиот сет Шпанците повторно беа за нијанса подобри откако го добија и овој сет со 25-22 за конечен триумф од 3-1.

Ренато Колито со 20 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека во нашата репрезентација Никола Ѓорѓиев заврши со 25 поени.

По завршувањето на Европската лига мислите се насочуваат на квалификациите за Европското првенство каде во август месец ќе одиграме два натпревари на гостински терен против Грузија (17/18 август) и на домашен терен против Грција (28. август).

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...