Реал Мадрид стигна до својата петнаесетта титула во Лигата на шампионите откако вечерва во големото финале на „Вембли“ славеше против Борусија Дортмунд во неверојатно интересен натпревар со 2-0.
Еден од најдобрите фудбалери на „кралевите“ Џуд Белингем по мечот изјави дека ова е неговата најдобра ноќ во животот.
„Отсекогаш сум сонувал да играм во овие натпревари. Немам зборови. Ова е најдобрата ноќ во мојот живот. Ова е перфектна сезона. Не можев ниту да сонувам за подобро од ова. Многу сум им благодарен на моите соиграчи, моето семејство, тимот зад сцената, физиотерапевтите, сите кои се тука. Ова е групна заслуга. Да бидам искрен, Дортмунд беше подобар во првото полувреме и можеше да води со два или три разлика. Но тоа е карактерот кој го имаме ние, да се вратиме. Голема почит и за двата клуба, клубот во кој сум сега е толку посебен за мене колку и мојот стар клуб. Немаше да биде ова можно без нив. Секогаш ќе им бидам благодарен и секогаш ќе имам почит за тоа што тие го направија за мене“, изјави Белингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА