Флорентино Перез ќе остане како еден од највлијателните луѓе во фудбалот. На Реал Мадрид му донесе уште еден трофеј во Лигата на шампионите, но тука газдата на „кралевите“ нема намера да застане.
За амбициите за следната сезона, Перез кажа дека неговиот тим идната година ќе оди на нов, 16-ти трофеј во најтрофејното европско натпреварување.
„Веќе се фокусираме кон следниот пехар. Го сакаме 16-тиот трофеј веќе следната година“, рече кусо Перез по вчерашното финале против Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

