Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ го коментираше финалето во Лигата на шампионите, откако неговиот тим загуби со 2-0 и така остана без пехарот.
Според него, тимот заслужил многу повеќе, но дека противникот на крајот заслужено победува.
„Одигравме одлично, и можеби заслуживме нешто повеќе. Особено во првото полувреме, чувствувам дека тука можевме да направиме нешто. Покажавме дека имаме верба. Направивме толку многу работи како што треба, а единствената разлика е што Реал Мадрид има инстикт на убиец. Тоа го покажува квалитетот кој го имаат, и заслужено повторно се шампиони“, рече Терзиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА