Газдата на Лацио му се налути на свој играч: Бараше повеќе пари да го продолжи договорот

Јапонскиот интернационалец Даичи Камада, си заминува од Лацио и се сели во Кристал Палас. После само една сезона мината во Рим, заминува и ќе оди во Премиерлигата, кај Оливер Гласнер, неговиот поранешен тренер со кого работеше во Ајнтрахт Франкфурт.

Клаудио Лотито, претседателот на Лацио ја објасни ситуацијата околу Камада, и кажа дека барал повеќе пари, со што Лотито се налутил и му овозможил да го реализира трансферот.

„Даичи Камада бараше екстра 2,5 милиони евра бонус за да го продолжи договорот. Никој нема да нѐ уценува. Сите платеници ќе си заминат од клубот“, рече Лотито.

Се вчитува...