Македонија утре во Ријека го игра првиот од двата контролни натпревари во овој месец јуни против Хрватска. Потоа македонската селекција ќе гостува во Храдец Кралове на дуел со Чешка, исто така учесник на идното Европско првенство.
Репрезентативецот на Македонија, Агон Елези вели дека сите играчи се мотивирани да покажат квалитет против една велесила како Хрватска.
„За мене драго ми е што повторно сум со момците во репрезентацијата, се подготвуваме на највисоко ниво и навистина е предизвик што се соочуваме со Хрватска, селекција која беше бронзена на последното Светско првенство. Секогаш сме мотивирани кога играме за Македонија и така треба да се однесуваме и на терен. Да ги почитуваме задачите од селекторот и да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Елези.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА