„Бајката“ на Олга Даниловиќ на Ролан Гарос денеска заврши, откако загуби од чешката тенисерка Маркета Вондруошова. Иако одлично го почна и овој меч, сепак, на крајот Вондруошова успеа да се врати и на крајот да слави.
Даниловиќ во првиот сет имаше предност од 4-1, но чешката тенисерка успеа со пет гема по ред да го освои сетот. Во вториот сет ја држеше контролата, и победи со 6-2, за пласман во следната фаза.
Вондруошова во 1/4 финалето ќе игра против Ига Швјонтек, која за 41 минута ја „збриша“ Потапова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

