Един Терзиќ нема да добие нов договор од страна на Борусија Дортмунд, се додека тимот не покаже напредок во домашното првенство. И покрај тоа што 41-годишниот Терзиќ го внесе тимот во финалето во Лигата на шампионите, воодушевувајќи ги сите, сепак, раководството на клубот нема да брза со нов договор.
Ова лето разговори ќе нема тоа сигурно. За неговата судбина ќе се решава на крајот на годинава, кога ќе се видат и резултатите од нвоата сезона во Бундеслигата.
Клубот сака да види како тимот ќе напредува во првенството, стои во пишувањата на германските медиуми.
Терзиќ за иднина не треба да се грижи, после она што го стори оваа сезона. Но, трофеите изостануваат, откако свои само еден Куп во 2021 година. Оваа сезона тимот заврши на петтото место на табелата, а во минатата година ја загуби титулата во последното коло.
Неговиот договор со Борусија е до јуни 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА