Севилја назначи нов тренер

Досегашниот тренер на Лас Палмас, Гарсија Пимиента е назначен за нов тренер на Севилја. Тој доаѓа на местото на Кике Санчез Флорес, кој го напушти клубот после завршувањето на сезоната.

Пимиента има скромно тренерско искуство. Има работено во помладите категории на Барселона, потоа во Б тимот на „каталонците“, а од 2022 до 2024 година го водеше Лас Палмас. Со тимот од Андалузија потпиша двегодишен договор.

Севилја оваа сезона заврши на 14. позиција на табелата со 41 бод, и нема идната сезона да игра во Европа.

Се вчитува...