Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ, на прес-конференција пред дуелот со Македонија утре во Ријека, истакна респект кон противникот.
Далиќ истакна дека Македонија е слична селекција како Албанија, и треба да биде еден вид подготовка за овој меч, кој е противник за „коцкастите“ на ЕВРО 2024 година.
„Немам забелешки на досегашниот тек на подготовките, само сакам да продолжат во ист стил, и да нема некои повреди. Играчите се полни со мотив пред утрешниот меч. Што се однесува до противникот, заслужуваат респект. Ние го замислуваме овој противник како сличен со стилот на Албанија, и затоа ќе ни биде добра подготовка пред ЕВРО 2024 и настапот против нив во групата. Сакаме да дадеме шанса на сите играчи, и се ќе направиме да победиме на мечот. Ќе пробаме некои нови варијанти, некои работи ќе ги средуваме низ овие два пријателски натпревари, некои низ тренинзите. Перишиќ ќе игра утре, мислам дека е подготвен да игра еден час. За Ковачиќ ова ќе му биде 100-ти натпревар, и тој ќе добие шанса“, најави Далиќ.
На прес-конференцијата беше и фудбалерот Андреј Крамариќ, кој проговори само неколку зборови за утрешната средба.
„Секој натпревр е важен, без разлика дали станува збор за пријателски или официјален. Сега сме фокусирани само кон утрешниот меч, и мислам дека ќе бидеме подготвени за добар настап на ЕВРО“, рече Крамариќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА