Баерн Минхен оди по проверен рецепт. Кога некој тим ќе стане првак, веднаш му ги „краде“ играчите. Така беше и во 2012 и во 2013, кога тогаш ги потпиша Роберт Левандовски, Марио Геце и Матс Хумелс, а сега истото го прави и со Баер Леверкузен.
На добар пат е германскиот дефанзивец Џонатан Та да потпише договор со Баерн Минхен. Според германските медиуми, двете страни веќе се договориле усно, и сега останува само да се пренесе и на писмено.
Та е во составот на Германија за пресјното ЕВРО, и може да се случи да биде официјализиран пред настапите на Германија на европскиот шампионат. Во секој случај тоа би било тежок удар за шампионските амбиции на Леверкузен, со оглед дека Та беше еден од најдобрите поединци на новиот германски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА