Македонија утре во 19 часот во Ријека го стартува циклусот од два пријателски јунски натпревари. Противник на Македонија е селекцијата на Хрватска, која што е учесник на престојното ЕВРО 2024, и бронзена селекција од последниот Мундијал во Катар.
Играчот на Хајдук, Александар Трајковски добро ги познава дел од играчите во Хрватска. Вели дека добро ги познава, и дека против една врвна селекција Македонија може добро да се подготви за мечевите во Лигата на Нации од септември.
„Се подготвивме максимално за предизвикот со Хрватска. Очекувам еден добар натпревар, а подобриот нека победи. Секако дека Енис Барди, кој е преважен играч за нас, ќе ни недостасува во тимот, но јас се надевам дека секој играч кој ќе биде на теренот и ќе го замени на таа позиција, ќе го даде максимумот. Верувам во сите играчи во репрезентацијата. Доста од играчите во Хрватска ги познавам, се работи за врвни играчи и репрезентација. За нас ова ќе биде една одлична средба за да видиме до каде сме и да се подготвиме за циклусот во Лигата на нациите во септември.“, изјави Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА