Дефанзивецот на Аталанта, Џорџо Скалвини, кој беше повикан во италијанскиот состав за ЕВРО 2024, би можел да го пропушти Европското првенство откако се повреди на денешниот меч со Фиорентина.
Скалвини беше и еден од стрелците на двата гола за Аталанта, во поразот од 2-3. Тој беше заменет во 86. минута од средбата.
Прегледите покажаа дека фудбалерот има повреда на лигаментите, по што под голем знак прашалник дали ќе може да настапи на престојното Европско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА