Синер со пресврт до 1/4 финале на Ролан Гарос, таму го чека Димитров

Италијанскиот тенисер Јаник Синер, се пласираше во 1/4 финалето на Ролан Гарос, откако го совлада францускиот тенисер Корентин Муте со 1-3. Иако лошо почна Синет, и првиот сет го доби Муте со 6-2, сепак, потоа Италијанецот заигра далеку подобро и со три добиени сета по ред, го совлада својот противник.

Синер ги доби сетовите со 6-3, 6-2, 6-1 за конечен триумф после нешто повеќе од 2 часа и 40 минути.

Во 1/4 финалето Синер ќе се сретне со бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој го елиминираше Хуркач од Полска.

Меѓу најдобрите осум претходно се пласираа и Циципас и Алкараз.

Се вчитува...