Адем Мекиќ ја продолжува жетвата на трофеи во хрватскиот шампионат откако македонскиот репрезентативец и во втората година како член на Задар се закити со титулата.
Оваа финална серија меѓу Задар и Сплит беше интересна и неизвесна, синоќа се играше мајсторката во Задар во која Мекиќ и соиграчите одиграа доминантно, славејќи со убедливи 93-66 за одбрана на ланскиот трофеј. Победникот беше решен уште во првото полувреме што „сино-белите“ го добија со 49-31, предност што дополнително ја зголемија до самиот крај.
Адем Мекиќ одигра 14 минути од овој меч за титулата, успевајќи да реализира пет поени за својата екипа. Најефикасен повторно беше Лука Божиќ, кој постигна 19 поени во својот последен меч во дресот на Задар, пред летниот трансфер во редовите на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА