Баерн Минхен предводен од Винсент Компани престојната сезона ќе има цел пред се да ја врати титулата во Бундеслигата во своите витрини, а за тоа ќе цели на засилување на средината на теренот каде како најголема желба се јавува Бруно Фернандеш, пренесуваат англиските медиуми.
Португалскиот репрезентативец кој е и капитен на Манчестер Јунајтед има договор со „црвените ѓаволи“ до јуни 2026 година и самиот изрази желба да остане дел од тимот и во иднина, но со оглед на неизвесноста која постои кога станува збор за овој англиски клуб не се исклучува можноста за негово заминување.
Фернандеш е дел од Манчестер Јунајтед од 2020 година и се смета за еден од клучните играчи на тимот. Оваа сезона настапи на 48 натпревари во сите конкуренции забележувајќи 15 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА