Агон Елези доби нов тренер во Бохум

Бохум за кој настапува македонскиот интернационалец Агон Елези на драматичен начин го задржа бундеслигашкото место за сезоната 2024/25 надоместувјаќи негатива од три гола по првиот бараж натпревар за опстанок против Фортуна Дизелдорф.

А, во следната сезона ќе биде предводен од нов тренер откако денеска официјално беше претставен Питер Цајдлер, 61-годишниот германски тренер со богато искуство во Германија, Австрија и Франција.

Се вчитува...