Фаворизираните тенисерки Јасмин Паолини, Елена Рибакина и Арјана Сабаленка ја потврдија фаворитската улога пласирајќи се во четвртфиналето на Ролан Гарос.
Паолини со 2-1 (4-6, 6-0 и 6-1) славеше против Елина Аванесјан, Рибаина со 2-0 (6-4 и 6-3) беше подобра од Елина Свитолина, додека Сабаленка славеше со 2-0 (6-2, 6-3) против Ема Наваро.
Во четвртфиналето во Франција силите ќе си ги одмерат Паолини и Рибакина, додека Сабаленка ја очекува подобрата од мечот помеѓу Грачева и Андреева.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

