Конечно добри вести за Партизан пред дербито со Црвена Звезда

Единствената шанса да ја заврши сезоната со трофеј Партизан ја има во домашниот кошаркарски шампионат каде денеска од 20 часот започнува финалната серија во која „црно-белите“ за противник повторно ќе ја имаат Црвена Звезда.

Евролигашот се соочи го големи проблеми пред средбата со вечниот ривал. Тимот го напушти Бруно Кабокло, претходно заминаа и Пи-Џеј Доузер и Френк Камински, а неизвесен за финалето беше и капитенот Кевин Пантер.

Американецот заработи повреда на коленото во полуфиналната „мајсторка“ против Мега па постоеше неизвесност за неговиот настап, но тој денеска ќе може да им помогне на своите соиграчи.

Финалната серија во кошаркрскиот шампионат на Србија се игра на две победи. По денешниот натпревар реваншот на теренот на Партизан ќе биде во среда, а евентуална „мајсторка“ ќе биде одиграна на 8. јуни во салата „Александар Николиќ“.

Се вчитува...