Искусниот црногорски стратег Звездан Митровиќ и официјално е наследникот на Зоран Мартиќ на клупата на словенечкиот аба-лигаш Цедевита Олимпија.
Славниот љубљански клуб имаше сезона за заборав по која се направени големи промени во тимот од фунцкијата на спортски директор која ја вршеше македонската легенда Владо Илиевски па се до тренерот кој во минатото го предводеше МЗТ Скопје.
Тешката задача да го врати успехот на составот ќе ја има 54-годишникот кој во минатото беше дел од Будуќност, Будувелник, Азовмаш, Монако, АСВЕЛ, Галатасарај како и црногорската сенироска репрезентација.
Zvezdan Mitrović je novi glavni trener članske ekipe KK Cedevita Olimpija!
Dobrodošel v Zmajevi družini, Zvezdan! 💚🧡#ZmajevaDruzina pic.twitter.com/V2OJ2qlUwf
— Cedevita Olimpija Ljubljana (@KKCedOL) June 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА