Официјално: Енцо Мареска е нов тренер на Челси

Италијанскиот стратег Енцо Мареска од денеска и официјално е нов тренер на англискиот премиерлигаш Челси потпишувајќи пет годишен договор со можност за продолжување на соработка на дополнителна сезона.

На клупата на „Стемфорд Бриџ“ младиот стратег ќе го наследи Маурисио Покетино кој доби отказ и покрај тоа што во финишот на сезоната успеа да ги доведе „сините“ до место во европските натпреварувања.

Марсека во Челси доаѓа од редовите на Лестер со кој успеа да го освои Чемпионшипот и тој ќе биде седми Италијанец кој ќе ја врши тренерската функција во овој клуб.

„Сонот на секој тренер е да биде дел од еден од најголемите клубови на светот како што е Челси. Превозбуден сум да шансата. Со нетрпение чекам да работам заедно со оваа талентирана група на играчи и да ја продолжиме традицијата на успех која ќе ги направи и нашите фанови горди“, изјави Марсека.

Се вчитува...