Де Минаур го елиминираше Медведев на Ролан Гарос

Алекс Де Минаур направи сензација во осминафиналето на Ролан Гарос елиминирајќи го фаворизираниот Данил Медведев славејќи со 3-1 и тоа по целосен пресврт.

Рускиот тенисер беше подобар во првиот сет добивајќи го со 6-4, но потполно потфрли во продолжението од мечот. Австралиецот во вториот сет изедначи со победа од 6-2, а потоа и го дотолчи противникот славејќи со 6-1 и 6-3.

Во четвртфиналето за противник ќе го има подобриот од мечот помеѓу Зверев и Руне.

Се вчитува...