Познат е стартниот состав на македонската селекција за пријателскиот натпревар против Хрватска кој стартува од 19 часот на „Рујевица“ во Ријека.
Селекторот Боби Милевски се одлучи во формација 3-5-2 да им се спротистави на Хрватите со Александар Трајковски и Бојан Миовски во нападот.
На голот сосема очекувано ќе биде Столе Димитриевски а пред него тројката Муслиу-Велковски – Зајков. Во средниот ред ќе фигурираат Исник Алими, Јани Атанасов и Елиф Елмас, заедно со Алиоски и Ашковски по страничните позиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА