Репрезентацијата на Хрватска има водство од 1-0 по само 10 минути игра против Македонија на пријателскиот натпревар во Ријека.
Хрватите до предност дојдоа буквално без шанса од првиот свој шут, и тоа од слободен удар.
Ловро Мајер одлично го изведе слободниот удар од 25 метри, но објективно му помогнаа и лошо поставениот жив ѕид, и Димитриевски кој не успеа ниту да „мрдне“…
— Transfer Sector (@TransferSector) June 3, 2024
Македонија претходно беше поактивна на стартот од мечот, со два обиди на Елмас и на Муслиу со глава, но безопасни по голот на Ливаковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА