Ѓоковиќ е како „феникс“: Од загубен меч, со нова драма во пет сета повторно до победа!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно низ уште една драма успеа да дојде до четвртфиналето на Ролан Гарос, во пет сета победувајќи го Аргентинецот Франциско Серундоло.

Нешто слично како и во претходното коло против Италијанецот Музети, овој пат популарниот Ноле дојде до пресврт победа од 3-2, во сетови 6-1, 5-7, 3-6, 7-5 и 6-3, против 27-от тенисер во светот.

А, Ѓоковиќ имаше загубен меч кога во четвртиот сет губеше и со 2-4, за да сепак успеа да се издигне како „феникс“ добивајќи го четвртиот сет со 7-5, а потоа далеку полесно освојувајќи го и петтиот сет за пласман по 18-ти пат во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Се вчитува...