Македонската фудбалска репрезентација потфрли на пријателскиот натпревар со Хрватска во Ријека на кој домашните без многу труд, рутински демонстрирајќи ја сета своја фудбалска моќ лесно дојдоа до убедлива победа од 3-0.
Хрватите можеби и не ја надиграа Македонија на „Рујевица“ со оглед на фактот дека се штедат силите за настапот на ЕВРО 2024, но и тоа како лесно покажаа како се реализира посакуваната цел, посебно кога се настапува во националниот дрес.
А, без разлика на фактот што се играше натпревар без резултатско значење, јасно е дека секој македонски репрезентативец во македонскиот дрес на секој меч мора со многу повеќе срце и енергија кои денеска и тоа како ги немаше во Ријека. Анемичниот однос на теренот кој можеби е и слика на тоа што поголемиот дел од репрезентативците речиси и да не настапуваа за свооите клубови изминатава пролет, пред се оние од кои најмногу се очекува како Елмас, Алиоски, Трајковски, Ашковски, Чурлинов…, и тоа како треба да ги загрижи селекторот Милевски и стручниот штаб во очекување на новиот квалификациски циклус низ Лигата на нации…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА