Репрезентацијата на Албанија дојде до лесна убедлива победа од 3-0 против Лихтенштајн низ подготовките за настапот на Европското првенство 2024.
Фудбалерите на западниот сосед без проблеми триумфираа во меч во кој победата ја најавија со голот на Броја уште во 31. минута од средбата.
Но, најубавиот момент на натпреварот беше дело на поранешниот вардаров фудбалер Јасир Асани, кој во 47. минута постигна евро-гол директно од слободен удар.
Goal: Jasir Asani | 🇦🇱 Albania 2-0 Liechtenstein 🇱🇮 pic.twitter.com/Pg7M8qpxmQ
— PushGoals (@PushGoals) June 3, 2024
Конечните 3-0 ги постави Ернест Муци во 67. минута, и тоа на асистенција на Асани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА