Кеита е прогласен за промашување на сезоната во Бундеслигата

Заврши сезоната во Бундеслигата и време е за награди. Тоа се претежно награди за најдобрите во одреден сегмент, но има и за најлошите, а таа му припадна на Наби Кеита.

Фудбалерот на Вердер оваа сезона дојде од Ливерпул и требаше да биде големо засилување, но сепак покажа малку и доби не толку ласкава награда за неуспехот во сезоната од останатите бундеслигаши.

Играчот од средниот ред имаше лош почеток на сезоната. Тој ги пропушти воведните четири натпревари поради повреда на адукторот, а потоа одигра само 81 минута во следните три. Следуваше уште една повреда која го одвои од терените. Се опорави на крајот на годината, на три меча беше на клупата, но не доби ниту една минута.

Тој играше за Гвинеја на Африканскиот куп на нации, а кога се врати, не се промени многу. На двата меча на кои влезе во игра одигра само 26 минути, а потоа пред натпреварот од 29. коло со Леверкузен не го послуша изборот на тренерот да го стави на клупата и одби да отпатува со тимот во Леверкузен.

Оттогаш, Наби Кеита не доби ниту една минута и е отстранет од сите активности на првиот тим.

Се вчитува...