Мбапе го испочитува Модриќ, нема да го носи бројот „10“ во Реал Мадрид

Килијан Мбапе и официјално стана играч на Реал Мадрид, со кој потпиша петгодишен договор. Одличниот француски напаѓач пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ и откако многу упатени и светски медиуми со месеци пишуваа дека ќе потпише за Реал.

Мбапе нема да го носи дресот со број „10“ , туку ќе го земе бројот девет кој е празен откако неговиот сонародник Карим Бензема минатата година замина во Ал Итихад. Фабрицио Романо, објави дека „Мбапе и неговите претставници не го ни прашале Реал дали може да го земе бројот 10 за следната сезона“. Романо истакнува дека Мбапе и Реал на тој начин покажале „почит кон Лука Модриќ, кој останува во клубот уште една сезона“.

Модриќ со години го носи бројот десет, па Мбапе ќе мора да почека да се ослободи со заминувањето на Лука. Романо потсетува дека едно време и Кристијано Роналдо чекаше Раул да го напушти дресот со број „7“.

Се вчитува...