Играчот од средниот ред на Тотенхем, Ив Бисума, бил жртва на грабеж во Кан кога се враќал од забава во четири часот наутро. Репрезентативецот на Мали бил нападнат од двајца разбојници со качулка пред неговиот автомобил. Бисума се обидел да се сокрие во автомобилот, но напаѓачите го испрскале со солзавец и му украле часовник вреден 300.000 евра.
Полицијата трага по напаѓачите, а Бисума и неговата девојка избегале без посериозни повреди. Ив решил веднаш да се врати во Англија, иако планирал да помине неколку дена на југот на Франција.
„Свесни сме што се случи и ќе продолжиме да ја следиме состојбата на Иво и неговото семејство“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.
Бисума е член на Тотенхем од јуни 2022 година, а претходно беше член на Брајтон и Лил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА