Хрватскиот тренер Игор Тудор би можел да добие отказ од Лацио, пренесуваат италијанските медиуми.
Тудор и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ќе одржат состанок на кој ќе одлучат за иднината на Лацио и плановите за следната сезона.
„Иднината на Тудор во Лацио е под знак прашалник и покрај демантот на Лотито. Многу играчи не се во добри односи (Гендузи, Ровела, Исаксен, Каталди, Имобиле, Ромањоли и Луис Алберто) и Лацио размислува дали да продолжи со проектот на Тудор или да го смени тренерот“, пишуваат медиумите од Апенините.
Тудор пристигна во Лацио во март и потпиша договор до летото 2025 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Според последните информации, Болоња е заинтересирана за хрватскиот тренер. Оваа сезона Болоња заврши на петтото место во Серија А и избори настап во елитното европско натпреварување, а си замина тренерот Тиаго Мота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА