Пелистер се раздели со седум ракометари

Ракометниот шампион на Македонија, Пелистер објави дека по освојување на титулата во Суперлигата се разделува со седум ракомери кои заминуваат од клубот на истек на договорот.

Од клубот ќе си заминат интернационалците: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Денси Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски. Од македонските ракометарите следната година во Битола нема да бидат Марко Кизиќ и Марио Танкоски.

„Најискрено им се заблагодаруваме за професионалноста и ангажманот на: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски. Клубот им посакува успеси во новите средини и вратите на Еурофарм Пелистер и град Битола секогаш ќе бидат отворени за нив“, стои во соопштението од клубот. 

Се вчитува...