Легендарниот „лајнмен“ на Далас каубојс и член на Куќата на славните, Лери Ален, почина на 52-годишна возраст. Ален беше еден од најголемите играчи во историјата на НФЛ и најголемиот во историјата што играл за Каубојс. Починал во Мексико, каде бил на одмор со семејството.
За време на неговата кариера во НФЛ, тој играше за Каубојс од 1994 до 2005 година, а исто така го носеше дресот на Сан Франциско една сезона пред да се пензионира. Тој успеа да освои Супер Боул со Далас во својата втора професионална сезона. Вкупно одигра 211 натпревари, вклучувајќи ја регуларната сезона и плеј-офот.
Како една од легендите на овој спорт, тој беше примен во Куќата на славните во 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

