Баерн Минхен имаше катастрофална сезона во која остана без ниту еден освоен трофеј, а управата на баварскиот гигант реши да се врати на добро испробаниот рецепт – да ги доведе најдобрите фудбалери од ривалските клубови за да се врати на тронот на германскиот фудбал.
Во завршна фаза е трансферот на Тах, кој е клучен дефанзивец во Баер Леверкузен, а во меѓувреме директорот Макс Еберл е во преговори да го доведе и најдобриот фудбалер на Лајпциг од минатата сезона, Чави Симонс. Холандскиот плејмејкер имаше извонредна сезона во тимот на нашиот Елиф Елмас, по завршувањето на позајмицата тој се враќа назад во ПСЖ, но се очекува летово повторно да ги смени клупските бои бидејќи не планира да остане на „Паркот на принцовите“.
Неколку клубови веќе испратија понуди, но Еберл е оптимист дека ќе успее да го убеди Симонс да стане дел од Баерн Минхен. Впрочем, токму Макс Еберл минатото лето како директор на Лајпциг беше најзаслужниот што овој фудбалер од бројните понуди ја избра онаа на германскиот клуб, двајцата останаа во добри односи, па јасно е зошто во Баерн владее оптимизам дека Чави ќе биде дел од тимот за атак на трофеи за наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА