Освои единаесет трофеи за седум години, но си оди поради конфликт со новиот претседател

Серџо Консеисао ќе остане запаметен како еден од најуспешните тренери на Порто, со единаесет освоени трофеи во седумте години како шеф на стручниот штаб на овој клуб. Токму затоа, изненадувачка е информацијата дека Консеисао самиот побарал раскин на договорот со португалскиот гигант, за што денеска и официјално е добиена потврда.

Добро упатените тврдат дека новиот претседател Вилјаш Боаш уште во текот на кампањата не криел дека е разочаран од игрите и резултатите на Порто оваа сезона, ставајќи дополнителен притисок врз Консеисао. Тренерот важел за човек од доверба на претходното раководство, тој во април потпиша и нов договор со важност до 2028 година, но кога Вилјаш Боаш победи на претседателскитее избори на Консеисао му стана јасно дека деновите во клубот му се избројани.

Односите меѓу двете страни не се изгладија во меѓувреме, што резултираше со денешната официјална разделба меѓу Консеисао и Порто.

Се очекува овој стручњак да не биде долго без работа, тој извиси во трката за нов тренер на Милан, но според последните информации е многу блиску до преземање на кормилото на Олимпик Марсеј.

Се вчитува...