Црвена Звезда и Партизан водат нова битка на теренот, овојпат во финалето на српскиот шампионат, но паралелно со тоа лутите белградски ривали се тркаат и во обид да ги засилат своите редови за наредната натпреварувачка сезона. Последните информации од кошаркарска Европа тврдат дека „црвено-белите“ повторно ќе му ги замрсат сметките на Жељко Обрадовиќ, овојпат во обидот да донесе врвен шутер во својата екипа.
Ајзеа Кенан е кошаркарот што „црно-белите“ го следат неколку месеци наназад, Партизан испрати и понуда за да го осигура потписот на 33-годишниот бек, но Кенан не ја разгледува сериозно оваа опција додека не стане јасно дали овој клуб и во следната сезона ќе биде дел од Евролигата.
Целата ситуација будно ја следат челниците на Црвена Звезда, кои во последните денови ги интензивирале преговорите со асот на Олимпијакос. Американецот е решен да си замине од Атина, на маса има неколку одлични понуди, но според грчките медиуми Црвена Звезда е сега тимот што води во оваа трка и во наредните петнаесетина дена може да дојде и до официјален потпис на договорот.
Канен, кој претходно има настапувано и за Галагасарај и за Уникс Казањ, во просек бележеше по 11,1 поени, 1,2 скокови и 1,4 систенции по натпревар во Евролигата оваа натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА