Швијонтек со нова моќна победа, следна на патот и стои Коко Гoф

Ига Швијонтек ја продолжи импресивната серија настапи на Ролан Гарос откако првата носителка без многу мака се пласираше во полуфиналето. Нејзина противничко во денешното четвртфинале беше Вондрушова од Чешка, која сепак не најде начин да ја запре расположена фаворитка, за која ова беше 19. победа во низа на Ролан Гарос.

Швијонтек делуваше застрашувачки во првиот сет, во кој буквално ја збриша противничката со максимални 6-0. Вондрушова првиот гејм го освои за 1-1 во вториот сет, по што првата носителка повторно презеде контрола, се одлепи резултатски и славеше со 6-2 за пласман во полуфиналето.

Таму ќе ја очекува дуел со третата носителка Коко Гoф, која по голема битка славеше над Жабер од Тунис со 2-1 во сетови. Жабер беше подобра во првиот сет добивајќи го со 4-6, но Гoф потоа заигра подобро и направи целосен резултатски пресврт и со 6-2, 6-3 се пласираше во своето трето гранслем полуфинале во серија на најголемите светски турнири.

Се вчитува...