Бразилскиот фудбалер Нејмар и покрај тоа што се рехабилитира од тешка повреда поради која пропушти најголем дел од сезоната е топ тема кога станува збор за трансфер шпекулациите.
Триесетидвегодишникот се поврзува со враќање во татковината и Сантос од каде се пресели во Европа, но до премин нема да дојде ова лето, откри тој самиот.
„Нема шанси, тоа е ср**е. Имам уште година дена од договорот со Ал Хилал. По поддржувам Сантос и се надевам дека ќе се вратам таму еден ден, но сега потполно сум концентиран на Ал Хилал. Се надевам дека ќе имам одлична сезона по повредата“, изјави Нејмар кој оваа сезона одигра само пет натпревари со сите конкуренции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

