Женската репрезентација на Македонија денеска од 18 часот во Кишињев ја очекува натпреварот со селекцијата на Молдавија во квалификациите од Лигата Ц за пласман на ЕП 2025.
По ремито меѓу двете селекции во Скопје пред неколку денови, сега избраничките на Александар Андов со желба за триумф го очекуваат дуелот со Молдавките. Капитенот Наташа Андонова вели дека атмосферата е на високо ниво, со желба резултатски да се надмине дуелот во Скопје.
„Атмосферата во репрезентацијата е навистина на високо ниво без разлика на нерешениот резултат во Скопје. Иако сега сме на гостински терен одиме на победа и позитивен резултат. Поквалитетни сме од Молдавките но ќе мора тоа да го покажеме на терен, и низ максимална борба да се избориме за бодовите“ – вели Андонова за ЕКИПА.
Македонија по трите досегашни натпревари во групата има победа, реми и пораз, сега со желба за втор триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА