Српските кошаркарски великани Партизан и Црвена Звезда и понатаму немаат сигурно место во Евролигата за следната сезона, но тоа наскоро би можело да се промени со оглед на тоа што италијанскиот евролигаш Виртус Болоња се наоѓа во многу тешка ситуација.
Спонзорот „Сегафредо“ најави повлекување на крајот на сезоната, а дека ситуација воопшто не е идеална говори и турскиот стратег од редовите на шампионот Панатинаикос, Ергин Атаман кој откри дека агентите веќе ги нудат кошаркарите на останатите клубови.
„За Вирутс Болоња е многу важно да видиме што ќе биде со спонзорот. Италијанските тимови имаат одлични спонзори, но кога тие ќе си заминат има голема конфузија и потешкотии. Евролигата економски е голем предизвик и потребен ви е голем спонзор. Вирутс има сериозен проблем бидејќи агентите веќе ги нудат кошаркарите на клубот уште пред да заврши првенството“, изјави Атаман.
Како потсетување, Виртус Болоња е еден од петте тимови кои конкурираат за „вајлд-карта“ во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА