Нема да верувате колку пари „фрли“ Челси на тренери од 2000 година

Челси доби нов тренер откако клубот го ангажираше Енцо Марсека како наследник на Маурисио Покетино. Ангажманот на италијанскиот стартег ги чинеше „сините“ 10 милиони фунти со што вкупната сума на пари потрошена на тренери од 2000 година наваму се искачи над 50 милиони фунти.

Интересно, по превземањето на клубот од „Стемфорд Бриџ“ од страна на американскиот газда Тод Боели тоа е втора тренерска компензација по Грем Потер за кој Челси одвои 21.5 милиони фунти во 2023 година.

Претходно во ерата на Абрамович, Челси ги откупаше договорите и на Андре Вилаш-Боаш (13.3 милиони фунти), Маурицио Сари (5 милиони фунти), Френк Лампард (4 милиони фунти) и Жозе Мурињо за кој во 2004 година беа одвоени 1.7 милиони фунти. Со тоа вкупната сума на пари потрошена за тренери се искачи на 55.5 милиони фунти.

Се вчитува...