Со учество на повеќе од 130 ученици од основно образование од сите градови на државата, денеска во ООУ „Климент Охридски“, за прв пат во Битола се одржа Државно првенство во гимнастика, под покровителство на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Општинскиот сојуз на Училишен спорт од Битола.
Присутните ги поздрави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и професорката од катедрата за гимнастика на Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје, проф.д-р Катерина Спасовска, посакуваќи им успех на натпреварувачите и честитајќи им за организацијата, притоа истакнувајќи ја потребата од одржување на повеќе вакви натпреварувања кои се од големо значење за развојот на децата и поттикнување на спортскиот дух.
Училишниот спорт, а посебно гимнастиката, се и тоа како значаен момент за равојот на комплетниот спортски дух на најмладите, поради што и Федерацијата на училишен спорт во иднина најави дека активно ќе ја продолжи поддршката на училишниот спорт се со цел поголема ангажираност на наставничкиот кадар и учениците за постигнување на поголеми спорстски резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА