Реал Мадрид почна да работи на вториот голем трансфер ова лето. Откако го потпиша Килијан Мбапе, сега работи и на потписот на Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.
„Кралевите“ го сакаат Канаѓанецот по секоја цена, но и Баерн работи на продолжување на договорот. Флорентино Перез најавил дека ќе му даде понуда на Дејвис, и дека истата ќе биде во стилот „земи или остави“.
Се шпекулира дека Реал Мадрид не сака да ги плати 50 милиони евра кои ги бара Баерн, со оглед дека следната година му истекува договорот, и може да си замине како слободен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА