Стоперот на Баер Леверкузен, Џонатан Та веројатно ќе ја продолжи кареиерата во Баерн Минхен. Гермканскиот најтрофеен тим има сериозна намера да го ангажира репрезентативецот на Германија.
Во меѓувреме веројатно Леверкузен ја најде замената за Та и тоа во Штутгарт. Станува збор за Валдемар Антон кој што сака да оди во германскиот првак, и покрај тоа што има интерес и од Борусија Дортмунд.
Борусија, пак, во Антон гледа замена за Хумелс, кој најверојатно ќе ја напушти Борусија на крајот на сезоната. Милан е еден од заинтересираните за ветеранот, кој беше еден од заслужните за пласманот на „милионерите“ во финалето во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА