Шок за Турција: Главниот дефанзивец ги скина лигаментите и не оди на ЕВРО

Голем хендикеп за Турција на вчерашниот натпревар против Италија во Болоња. Главниот дефанзивец Озан Кабак ги скина лигаментите, и нема да патува на ЕВРО 2024.

Кабак се повреди по еден дуел со италијанските фудбалери, и мораше веднаш да биде изнесен на носилки, а првите прогнози се дека ќе го нема до крајот годината. Кабак во моментов игра за Хофенхајм, а во минатото беше дел и од Ливерпул.

Турција во групата ќе игра против Грузија, Португалија и Чешка. Пред настапот на ЕВРО 2024, Турција ќе одигра контролен натпревар и против Полска. Вчерашниот против Италија одигран во Болоња заврши без голови.

Се вчитува...