Иако ги бранеше сите мечеви во Лигата на шампионите до самото финале, Андреј Лунин не доби шанса на мечот против Борусија Дортмунд во Лондон. Официјално, Анчелоти најави дека Лунин имал грип, меѓутоа медиумите тоа го оценија како барање „алиби“ да брани Белгиецот, кој се врати по тешка повреда.
Украинецот имаше неколку клучни одбрани со кои неговиот тим влезе во финалето, а потоа во Лондон остана на клупата. Сега му подготовува одмазда на својот тим, со тоа што ќе прави трансфер во големиот ривал.
Така Лунин ќе биде новиот голман на Атлетико Мадрид, откако најверојатно Јан Облак ќе се пресели во Премиерлигата, и тоа во Манчестер Сити како замена за Едерсон. Како што е познато, Гвардиола сака да се откаже од Бразилецот, по хаотичната реакција на мечот со Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА