Алкараз: Изненаден сум што Ѓоковиќ се повлече

Карлос Алкараз втора година по ред се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, а овојпат во три сета беше подобар од Стефанос Циципас (6:3, 7:6, 6:4). По тој меч многу внимание му посвети и на Новак Ѓоковиќ.

Шпанскиот ас неочекувано лесно ја заврши работата против Циципас, кој дури по мечот изјави дека го „играл најдобриот тенис“ во Париз. Сепак, ниту тоа не беше доволно за да се победи младиот тенисер кој сега повторно е прв фаворит за кревање на трофејот.

Алкараз не го криеше изненадувањето што Ѓоковиќ се повлече од турнирот, особено што тој самиот следеше трилер од пет сета против Франциско Серундоло во кој Србинот некако успеа да го добие мечот.

„Бев изненаден што се повлече од турнирот откако го гледав неговиот меч. На крајот играше одличен тенис, дури и не почувствува болка на крајот од мечот. Беше изненадување што се повлече, но се согласи со тимот и докторот. Тенисот е таков, мора да се справиш со него. Тоа што го немате Ѓоковиќ на турнирот е малку фрустрирачки за навивачите“, изјави моментално третопласираниот тенисер на планетата.

Се вчитува...